Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2016

Рома ослабена против Наполи

Екипата на Рома ќе биде ослабена против Наполи, во дербито од осмото коло на Серија А. За „волчицата“ на „Сан Паоло“ денес нема да играат Кевин Стротман и Бруно Перес.

Холанѓанецот Стротман веќе некое време има проблеми со грбот, па изминатите денови тренираше само во салата за вежбање. Од друга страна, Перес се повреди непосредно пред патувањето во Неапол, иако во меѓувреме на прес-конференцијата го фалеше тренерот Лучијано Спалети.
Проблем за Спалети е и што Раџа Најнголан не е сто отсто подготвен, а веќе подолго време надвор од теренот се: Томас Вермелен, Антонио Ридигер и Марио Руи.
Рома е на делба од третото место со Лацио, Киево и Милан со по 13 бодови, додека Наполи е втор со еден бод повеќе.

Најнови вести