Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2012

Дирк Кајт потпиша за Фенербахче

Дирк Кајт, холандскиот фудбалски репрезентативец и досегашен член на Ливерпул, потпиша тригодишен договор со Фенербахче, потврдија вчера од турскиот клуб.

Кајт договорот со „црвените“ го врзуваше уште една година, а не е објавено колкава оштета платил турскиот вицешампион. За 31-годишниот напаѓач заинтересираност покажаа Феенорд и Хамбургер, но Фенербахче, очигледно, му понудил најдобри услови.
„Фенербахче е неверојатен клуб за продолжување на мојата кариера. Минатата сезона за влакно ја пропушти титулата во Турција, но избори пласман во Лигата на шампионите. По шест години во Ливерпул ми требаше нов предизвик. Тоа нема никаква врска со клубот и навивачите, тие засекогаш ќе имаат место во моето срце“, порача Кајт.
Искусниот фудбалер кариерата ја почна во Утрехт, а пред доаѓањето во Ливерпул, во 2006 година, три сезони беше член на Феенорд.

Најнови вести