Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2012

Ван дер Вил почна со тренинзи

Грегори ван дер Вил го одработи првиот тренинг со своите соиграчи од Ајакс откако закрепна од повредата поради која мораше да паузира речиси цели три месеци.

Десниот бек беше надвор од терените уште од декември, од мечот против Ден Хаг, но пред десетина дена почна со индивидуални тренинзи, а вчера го одработи првиот тренинг со колегите.
Дваесет и четиригодишниот репрезентативец на Холандија, кој летоска беше поврзуван со трансфер во Валенсија, на својот „Твитер“ објави: „Првиот тренинг со тимот помина одлично“.
Медицинскиот тим и понатаму ќе ја следи ситуацијата на дефанзивниот играч со цел во наредните седмици да се најде во првиот тим подготвен да одигра натпревар за тимот од Амстердам.
Ван дер Вил нема да биде во составот овој викенд, кога Ајакс ќе се сретне со најголемиот ривал ПСВ.

Најнови вести