Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2011

Спортинг Лисабон го купи Рики ван Волфсвинкел

Португалскиот клуб на својата официјална интернет страница потврди дека потпишал петгодишен договор со Рики ван Волфсвинкел од Утрехт. 22 годишниот напаѓач дојде во Лисабон за 5,4 милиони евра и беше официјално претставен синоќа.

Еден од најголемите млади таленти на холандскиот фудбал е одушевен од неговиот клуб: „Нема нешто што не е добро во Спортинг. Клубот има одличен тренер, супер тим и извонредни навивачи. Тука сум да му помогнам на клубот да освојува трофеи. Сакам да играм и да го пружам најдоброто за Спортинг. Затоа што сум напаѓач, нормално е да сакам да дадам што е можно повеќе голови“, изјави на прес конференцијата новопечениот холандски репрезентативец.

Најнови вести