Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2014

Утрехт останува без тренер

Јан Ваутерс, поранешниот фудбалски репрезентативец на Холандија, ова лето ќе ја напушти клупата на Утрехт, соопшти холандскиот куп.

Утрехт зад себе има лоша сезона, која ја почна со шокантна елиминација од луксембуршкиот Диферданж во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа, додека на две кола пред крајот на националниот шампионат се наоѓа на 11-тото место со 38 освоени бодови.
Ваутерс е четврти тренер кој на крајот на сезоната ќе напушти клуб во Холандија. Пред него тоа го најавија Роналд Куман (Феенорд), неговиот брат Ервин Куман (РКЦ Валвијк) и Марко ван Бастен (Херевен).
Холанѓанецот за националната селекција одигра 70 натпревари и постигна четири голови, а во текот на кариерата играше за Утрехт, Ајакс и ПСВ од Ајндховен.

Најнови вести