Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2012

Акинфеев по девет месеци повторно на голот на Русија

Игор Акинфеев, голманот на репрезентацијата на Русија, по пауза од девет месеци се врати во националниот тим на мечот против Литванија.

Тој за „зборнајата“ последен пат настапи во август минатата година, кога и ги повреди предните вкрстени лигаменти на левото колено и оттогаш не беше повикан во репрезентацијата.
Фудбалерите на Русија и Литванија овој натпревар го одиграа во швајцарскиот Нион, мечот заврши нерешено и без голови, а дваесет и шестгодишниот чувар на мрежата по педесет и прв пат застана зад голот и бранеше деведесет минути.
Селекторот Дик Адвокат изјави дека сè уште се двоуми кој ќе биде стартниот голман на Русија на Европското првенство, дали Акинфеев или голманот на Зенит, Вјачеслав Малафеев.
Русија се наоѓа во групата А со Чешка, Полска и Грција.

Најнови вести