Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Меч на денот: Рубин го пречекува Зенит, очите вперени кон Сергеј Семак

Семак е една од легендите на Рубин кои ја совладаа Барса на „Ноу Камп“, а сега е тренер на Зенит

Натпреварот од 3. коло во рускиот шампионат помеѓу Рубин и Зенит, кој ќе се игра на „Казан арената“ е нашиот избор за меч на денот. Најголемо внимание на овој меч од 19 часот ќе привлече присуството на Сергеј Семак, кој во моментов работи како тренер на клубот од Санкт Петербург, но дел од играчката кариера мина во Рубин, каде настапуваше за тренерот Курбан Бердиев, кој уште е на клупата на Рубин. Дали ученикот ќе го совлада учителот, е прашањето на кое одговорот ќе се добие вечерва, нешто пред 21 часот. 
Бердиев во 2002 година го внесе Рубин во првата руска лига и во првото коло се сретнаа со ЦСКА, за која тогаш играше Семак. Рубин се интересираше за Семак уште во 2005, но го доведоа три години подоцна, во 2008, кога Семак беше капитен на руската репрезентација на ЕП. Во сезоната 2009/2010, Семак и Рубин славеа на гостување кај Барселона во Лигата на шампионите и тој триумф на „Ноу Камп“ е најголемиот успех за клубот. 
Во август 2010, Семак го напушти Казан и прејде во Зенит, каде ја заврши играчката кариера, потоа му беше помошник на Спалети, а сега е прв тренер на тој тим. Во минатата сезона, Семак со успех ја водеше скромната екипа на Уфа.
Што се однесува до вечерашниот меч, домашните ќе бидат комплетни и во нападот предводени од опасниот Иранец Сардар Азмун, а кај гостите, на листата на повредени се Кокорин и Аргентинецот Мамана. Рубин веќе девет првенствени меча по ред не знае за пораз. Двата тима даваа голови на последните три меча, па „гол-гол“ може да биде добра игра. Но, Рубин цели три години нема постигнато гол дома против Зенит и можеби е време традицијата да прекине. 
По првите два настапи, Зенит има 6 бода, и гол-разлика 3:0, додека Рубин собра 4 бода и има гол- разлика 3:2.
Коефициентот за победа на Рубин во нашата понуда е 3.55, за реми е 3.00, додека за победа на Зенит, коефициентот е 2.20. 

 

Најнови вести