Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2011

Акинфеев ќе паузира шест месеци

Игор Акинфеев, голманот на ЦСКА Москва и на репрезентацијата на Русија, најверојатно, ќе паузира шест месеци поради повреда на левото колено, јавија локалните медиуми.

Тој се повреди вчера, во првенствениот натпревар против градскиот ривал Спартак, кога во 29-тата минута се судри со противничкиот напаѓач Велитон, по што беше изнесен од теренот.
ЦСКА соопшти дека, најверојатно, се работи за сериозна повреда на лигаментите на коленото, каква што Акинфеев веќе доживеа во 2007 година.
Дуелот со московскиот ривал заврши со реми 2-2.
Селекторот на Русија Дик Адвокат за натпреварите против Македонија и Република Ирска во квалификациите за Европското првенство на местото на Акинфеев го повика голманот на Динамо од Москва, Антон Шунин.

Најнови вести