Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2018

Хаос на улиците на Билбао – тепачки, крвопролевање и смрт на полицаец

Пред натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Спартак од Москва дошло до голем судир меѓу навивачите, поради што настанал и хаос во центарот на градот.

Според пишувањата на шпанските медиуми, тепачката ја почнале навивачите на Спартак, која многу брзо ескалирала бидејќи биле користени факли, шишиња, камења, огномети...
Центарот на градот бил целосно демолиран, а еден полицаец починал на лице место од срцев удар.
Во Баскија дошле околу 1.000 навивачи од Москва, коишто ги почнале нередите, поради што полицијата привела двајца навивачи на Атлетик и тројца на Спартак.
Спартак го совлада Атлетик на „Сан Мамеш“ со 2-1 во реваншот од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, но пласман понатаму обезбеди шпанскиот клуб поради победата со 3-1 во Москва.

Најнови вести