Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2012

Неуспехот на Евро го избрка Фурсенко

Претседателот на Руската фудбалска федерација Сергеј Фурсенко поднесе оставка по разочарувачкиот настап на националната репрезентација на Европското првенство.

Фурсенко, кој е и член на Извршниот комитет на Европската фудбалска унија, поднесе оставка по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.
„Би сакал да им се извинам на нашите навивачи за лошите резултати. Донесов тешка одлука - да се повлечам од челото на Рускиот фудбалски сојуз“, му рече Фурсенко на својот близок пријател Путин, соопшти Кремљ.
Педесет и осумгодишниот Фурсенко е жестоко критикуван поради неисполнетите очекувања на Европското првенство, каде што Русија во последното коло на групата А неочекувано изгуби од Грција (1-0), па како третопласирана беше елиминирана од понатамошното натпреварување.
Фурсенко е именуван за претседател на Рускиот фудбалски сојуз во февруари 2010 година, откако четири години помина на чело на Зенит од Санкт Петербург, а најмногу по негова заслуга за селектор на државниот тим беше ангажиран холандскиот стручњак Дик Адвокат.

Најнови вести