Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.8.2018

Зенит и Феенорд не знаат што ги снајде

Дебакл на рускиот и холандскиот тим на гостувањето во Белорусија односно Словачка

Екипите на Зенит Санкт Петербург и ротердамски Феенорд, само со чудо на реваншите дома ќе успеат да се најдат во следната фаза од разигрувањето за влез во групите од Лига Европа. Двата клуба кои важеа за фаворити на хартија, барем според името и историското реноме кое го поседуваат, вечерва се посрамотија, и претрпеа тешки порази од по 0:4.
Зенит беше разбиен од Динамо Минск, а Феенорд од Тренчин. На двата меча, на полувреме резултатот беше 3:0. Главни ѕвезди во голгетерскиот дел беа фудбалери од екс-Југославија. Три од четирите гол за Динамо беа дело на Србинот Николиќ и Хрватот Галовиќ, додека хет-трик во мрежата на Феенорд уфрли Хрватот Манце. 
Од македонските фудбалери со настап може да се пофали само Бесир Демири, чиј тим Мариупол загуби дома од Бордо. Демири доби жолт картон.  
Резултати од мечевите кои почнаа во 19 часот: Аполон – Брест 4:0, Динамо Минск – Зенит 4:0, Хапоел Бер Шева – Апоел 2:2, Лудогорец – Зрињски 1:0, Мариупол – Бордо 1:3, Шериф – Валур 1:0, Сигма Оломуц – Алмати 2:0, Торпедо Кутаиси – Кукси 5:2, Тренчин – Феенорд 4:0.

 

Најнови вести