Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2012

Официјално: Капело нов селектор на Русија!

Италијанскиот фудбалски стручњак Фабио Капело и официјално стана селектор на репрезентацијата на Русија.

Шеесет и шестгодишниот Капело беше еден од 13-те кандидати кои беа предмет на разгледување како можна замена за Холанѓанецот Дик Адвокат, кој е отпуштен од местото селектор по испаѓањето на Русија од Европското првенство.

Рускиот фудбалски сојуз го препозна Капело како идеална замена откако на почетокот на оваа година се откажа од местото селектор на Англија поради проблеми со Англискиот фудбалски сојуз.

„Одлучивме да го именуваме Фабио Капело за нов селектор на националната селекција. Ќе го чекаме неговото доаѓање пред и официјално да ставиме потпис на договорот“, стои во соопштението на потпретседателот на Рускиот фудбалски сојуз, Никита Симоњан.

Сè уште не е познато на колку години ќе потпише Италијанецот, но руските медиуми шпекулираат дека примарна задача ќе му биде од Русија да направи репрезентација која ќе ја претендира титулата на Светското првенство во 2014 година.

Најнови вести