Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2014

Капело: Одлична реакција на играчите

Фабио Капело, селекторот на Русија, најмногу е задоволен од реакцијата на своите играчи по примениот гол од Јужна Кореја.

Русите на првиот натпревар на Мундијалот одиграа реми 1-1 со Кореја, по многу лошите први 70 минути од средбата во Кујаба.
„Беше добар натпревар, тие многу трчаа во првото полувреме, но во второто беа уморни. Не беше лесно по голот што ни го дадоа, но реакцијата на играчите беше одлична“, изјави Капело.
Кореја поведе по големата грешка на Игор Акинфеев, голманот на Русија, во 68-мата минута, но веќе во 74-тата изедначи Александр Кержаков.
„Мене тоа ми е многу важно, реакцијата, а имавме шанси и за втор гол. Добро го познавам Кержаков, тој е фантастичен играч, секогаш ни дава шанса за гол“, додаде Италијанецот.

Најнови вести