Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2011

Агбонлахор се враќа за дуелот со Сити

Габриел Агбонлахор, најдобриот стрелец на Астон вила, со постигнати четири погодоци, ќе биде подготвен за саботниот дуел против Манчестер сити, во натпревар од осмото коло на Премиер лигата

Агбонлахор има проблеми со повреда на грбот во последно време, а пред две недели на натпреварот со Виган привремено мораше да го напушти теренот.

„Габриел се врати на терените и ние сме презадоволни на начинот на којшто го стори тоа. Беше испитуван од нашиот медицински тим и успешно ги мина тестовите. Тој е многу важен за нас оваа сезона, а верувам дека ќе биде уште подобар“, рече стратегот Алекс Меклиш, кој на дуелот со „граѓаните“ ќе може да смета и на Стивен Ајрланд, Бери Банан и Џејмс Колинс, но не и на Џермејн Џенас и Нејтан Делфунесо.

Најнови вести