Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2015

Борусија не смее да го води Мхитарјан во Азербејџан

Хенрих Мхитарјан, играчот за врска на Борусија Дортмунд, не може да игра за клубот против Габала поради политички причини.

Ерменија, чиј државјанин е Мхитарјан, има затегнати односи со Азербејџан, од каде што е Габала, па клубот одлучи да го поштеди од можни проблеми.
„Ја анализиравме ситуацијата и заклучивме дека тоа е најсигурно за него. Мораме да ги заштитиме нашите играчи, се плашиме за неговата сигурност и нема да го водиме во Азербејџан“, изјави Ханс-Јокаим Вацке, спортскиот директор на Борусија од Дортмунд.
Борусија кај Габала гостува во четврток, од 17 часот, во третото коло од групата Ц на Лигата на Европа, која ја предводи со четири бодови, а клубот од Азербејџан има само еден.

Најнови вести