Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2015

Победа на Струмица Зомимак на Струшкиот ракометен турнир

Македонскиот ракометен вицешампион Струмица Зомимак ја оствари првата победа на 43. Меѓународен ракометен турнир Струга 2015 откако синоќа ја совлада романската екипа Динамо Букурешт со 25:24, на ракометното игралиште „Женска плажа“.

Слично како и првиот натпревар против Бешикташ, Струмичани не го почнаа најдобро мечот и во 11-тата минута имаа заостанување од 4 гола (4:8), но до полувремето успеаја да намалат на еден гол разлика, 15:16.
Вториот дел струмичани го почнаа посигурно и набрзо израмнија на 17:17, а во финишот ја направија клучната предност од 24:22 и до крајот рутински стигнаа до победата.
Реваз Чантурија со седум гола беше најефикасен во редовите на Струмица Зомимак, а пет постигна Дејан Пецаковски. Херој на победата беше голманот Благојче Трајковски, кој на крајот со неколку клучни одбрани ги откажа Турците. Во редовите на Бешикташ Асолтани Алехандру постигна девет погодоци, од кои шест седмерци.
Вториот натпревар меѓу Сесон и Ал Замалек беше прекинат поради дожд при резултат 13-9 и ќе се доигра денеска.
Вечерва на програмата се дуелите Бенфика - Ал Замалек во 19:00 часот и Динамо Букурешт – Бешикташ во 20:45 часот, а за утре се закажани финалето и натпреварите за пласман.

Најнови вести