Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2015

За Легија победа, Кукеши казнет со празен стадион

Дисциплинската комисија на УЕФА на Легија од Варшава ѝ додели победа од 3-0 за прекинатиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на Европа против албанскиот Кукеши.

Дуелот меѓу Кукеши и Легија се играше минатиот четврток во Албанија и беше прекинат во 52-рата минута, кога играчот на полската екипа Ондреј Дуда беше погоден со камен во главата.
УЕФА го казни Кукеши поради прекинување и неодигран натпреварот до крај, палење факли и фрлање камења и остри предмети на теренот, нереди на трибините, но и поради непристоен транспарент.
Како што се наведува во одлуката на Европската фудбалска унија, албанскиот клуб е казнет со 70.000 евра и со еден натпревар во европските натпреварувања игран пред празни трибини, а во случај на нови инциденти во наредните две години, уште еден натпревар без публика.
Реванш-натпреварот од третото коло на квалификациите меѓу Легија и Кукеши ќе се игра во четврток, во Варшава, од 21 часот.

Најнови вести