Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2015

Карлос нов тренер на Акхисар

Поранешниот бразилски фудбалер Роберто Карлос, кој продолжи со тренерска работа по завршувањето на кариерата, го презеде турскиот прволигаш Акхисар.

Клубот моментно се наоѓа на 11-тото место на табелата на турскиот шампионат, со три бодови над зоната за испаѓање.
Роберто Карлос тренерската кариера ја почна во 2012 година, во рускиот Анжи, каде што заврши како играч. Потоа, во 2013 година го презеде турскиот Сиваспор, со кого минатата сезона го освои петтото место.
Но, добрите резултати не успеа да ги повтори во оваа сезона, па доби отказ.
Најголемиот дел од играчката кариера го помина во Интер и во Реал Мадрид, со кого три пати беше шампион на Европа. За бразилската репрезентација настапи 125 пати и ја освои светската шампионска титула во 2002 година.

Најнови вести