Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2012

Роберто Карлос објави крај на кариерата

Големиот бразилски фудбалер, 39-годишниот лев бек Роберто Карлос, објави крај на кариерата во рускиот клуб Анжи од Махачкала.

Откако претходно најави дека ќе ги обеси копачките на крајот на сезоната, Роберто Карлос, сепак, се одлучи веднаш да ѝ стави крај на играчката кариера, но не и да замине од фудбалот и од богатиот руски клуб чии бои ги бранеше од февруари 2011 година, кога во Анжи дојде од Коринтијанс. Претходно две години играше за турскиот Фенербахче, а најголемата играчка слава, барем кога станува збор за клупскиот фудбал, ја стекна играјќи за Реал Мадрид цели 11 години. Меѓу останатото, со Кралскиот клуб освои четири шампионски титули на Шпанија и три во Лигата на шампионите.
Се очекува да стане помошник-тренер во Анжи кога ќе стекне адекватна тренерска лиценца.
За бразилската репрезентација Роберто Карлос одигра 125 натпревари, ја освои титулата светски шампион во 2002 година, како и две титули на Копа Америка, во 1997 и 1998 година.

Најнови вести