Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2011

Гатузо му кажа не на Анжи

Џенаро Гатузо, поранешниот италијански репрезентативец и играч на Милан од 1999 година, кариерата нема да ја продолжи во Анжи, иако на негова адреса дојде фантастична понуда.

Откако Анжи е купен од страна на рускиот магнат Сулејман Керимов, во клубот од Махачкала пристигнаа Роберто Карлос, Јусилеј и Диего Тардели, двајца повремени бразилски репрезентативци и Мароканецот Мубарак Бусуфа. Гатузо требаше да биде наредниот голем „плен“, но тоа нема да се случи, иако долго време размислуваше дали треба да ги прифати понудените десет милиони по сезона.

„Одлуката ја донесов имајќи го на ум моето семејство и Милан, кој е мојот дом. Ја донесов од срце“, објасни играчот за врска зошто се одлучил да остане во клубот со кого има договор до крајот на следната сезона.

Најнови вести