Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2013

Јешченко премина во Анжи

Андреј Јешченко, 28-годишниот руски фудбалски репрезентативец, го напушти Локомотив од Москва и премина во редовите на Анжи, стои во соопштението на интернет-страницата на клубот од Махачкала.

Како што е наведено, репрезентативниот лев бек, кој за Русија дебитираше минатата година во квалификациите за Светското првенство против Израел, потпиша долгогодишен договор.
„Се надевам дека ќе напредувам благодарение на работата со врвниот тренер Гус Хидинг и асовите Самуел Ето и Роберто Карлос“, изјави Јешченко за клупската интернет-страница.
Тој кариерата ја почна во Ѕвезда од Иркутск, а потоа настапуваше за Химки, Динамо од Киев, Динамо од Москва, Арсенал од Киев, Волга Нижњи Новгород и Локомотив од Москва. За репрезентацијата на Русија одигра четири натпревари.

Најнови вести