21.8.2013 Ласана Дијара од Анжи во Локомотив
Уште еден носител на играта на Анжи од Махачкала, францускиот 28-годишен играч за врска Ласана Дијара, пронајде нов клуб. Кариерата ќе ја продолжи во Локомотив од Москва.
Со клубот на „Руските железници“ поранешниот првотимец на Челзи, Арсенал, Портсмут и Реал Мадрид потпиша тригодишен договор.
Во Анжи Дијара стигна од кралскиот клуб на 31-ви август минатата година. За клубот од Махачкала одигра 28 натпревари и постигна еден погодок.