18.9.2014 Локомотив го смени тренерот
Рускиот фудбалски прволигаш Локомотив од Москва го отпушти тренерот Леонид Кучук, што е прв отказ во руската лига оваа сезона.
Педесет и петгодишниот Белорусин минатата сезона го доведе Локомотив до третото место, но сега мораше да ја плати цената поради лошиот старт во првенството, како и поради елиминацијата во натпреварувањето за Лигата на Европа.
Локомотив моментно се наоѓа на деветтото место во руското првенство, има само девет бодови и три последователни порази минатиот месец.
Трпението на челниците на Локомотив заврши по поразот од 4-1 против Аполон од Лимасол во квалификациите за Лигата на Европа кон крајот на август.