Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2012

Претседателот на Кубањ преку „Твитер“ го соопшти новиот тренер

Нов тренер на Кубањ од Краснодар е Јуриј Антољевич Красножан. Оваа информација медиумите ја дознаа на малку невообичаен начин.

Александар Ткачев, губернаторот на Краснодарскиот округ и претседател на Кубањ, на својот „Твитер“ го објави името на тренерот.
„Ќе ви ја решам главната фудбалска мистерија за минатата седмица: нов учител на фудбалерите на Кубањ е Јуриј Красножан. Официјалната промоција е денес. Тој е достоинствена замена за Дан Петреску“, напиша Ткачев.
Красножан минатата сезона го водеше Анжи од Махачкала, а претходно работеше во Локомотив од Москва и во Спартак Налчик.

Најнови вести