Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2016

УЕФА ќе го казни Тарасов

Европската фудбалска унија (УЕФА) денес го обвини фудбалерот на Локомотив Москва, Димитри Тарасов за недолично однесување, бидејќи на натпреварот со Фенербахче во Истанбул носеше маица со ликот на претседателот Владимир Путин.

УЕФА забранува политички изјави и ставови на натпреварите на кои е организатор и може да го суспендира Тарасов.
Фенербахче синоќа во Истанбул го победи Локомотив со 2-0, во првиот натпревар од шеснаесет финалето на Лигата на Европа, а Тарасов по натпреварот го соблече дресот и ја покажа маицата со ликот на Путин на која пишуваше „најљубезниот претседател“.
Односите на Русија и Турција се затегнати од ноември минатата година кога Турција собори руски авион кој летал во воздушниот простор на границата меѓу Турција и Сирија.

Најнови вести