Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2015

Кубањ го смени тренерот Хохлов

Димитриј Хохлов, поранешниот фудбалски репрезентативец на Русија, е сменет од местото тренер на Кубањ од Краснодар поради лошите резултати на екипата на стартот на сезоната.

Хохлов на клупата на Кубањ седна во јуни на местото на Леонид Кучук.
Екипата од Краснодар се наоѓа на последното место на табелата со четири освоени бодови од осум натпревари.
„Директорите на клубот одлучија да ја раскинат соработката со тренерот поради слабите резултати на почетокот на сезоната и поради фактот дека работите не одат на добро со актуелниот стручен штаб“, се наведува во соопштението на клубот.
Хохлов во текот на играчката кариера настапуваше за: ЦСКА, Динамо и Локомотив од Москва, ПСВ Ајндховен и Реал Сосиедад.
За репрезентацијата на Русија одигра 53 натпревари и постигна шест голови.