Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2011

Официјално: Антиќ во Олимпијакос

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија Перо Антиќ и официјално потпиша за Олимпијакос.

Антиќ и неговите сонародници на последното Европско првенство во кошарка, кое неодамна се одржа во Литванија, беше дел од историскиот успех на нашата земја, која го освои четвртото место, како и срцата на сите љубители на кошарката во Европа. 
Антиќ на континенталниот собир беше со просек од 11,6 поени и 8,5 скокови по натпревар. Минатата сезона тој беше дел од рускиот Спартак од Санкт Петербург, а летово, освен Олимпијакос, за него интерес,покажаа и Каха Лаборал, Хувентуд и Уникаха.
На крајот, грчкиот гигант Олимпијакос беше најконкретен и успеа да ги договори услугите со Македонецот.
За Антиќ ова ќе биде седми клуб во неговата кариера, откако настапуваше за Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил академик, Локомотив Москва и Спартак.

Најнови вести