08.9.2012 Циглер од Јувентус во Локомотив Москва
Дваесет и шестгодишниот швајцарски репрезентативец Рето Циглер заминува од Јувентус на едногодишна позајмица во Локомотив Москва со можност рускиот клуб да го откупи неговиот договор.
Циглер во Јувентус дојде во летото минатата година, но беше позајмен во Фенербахче без да одигра ниту еден официјален натпревар за „старата дама“.
Швајцарецот кој игра на позицијата лев бек, а може да игра и како лево крило, летово сакаше да го напуши Јувентус откако тренерот Антонио Конте го третираше како вишок.
Циглер, кој има 26 настапи за швајцарската репрезентација во Локомотив Москва ќе работи со поранешниот хрватски селектор, Славен Билиќ.