Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2012

Ќорлука му се приклучи на Билиќ во Ломотив Москва

Ведран Ќорлука е нов фудбалер на Локомотив Москва каде му се придружи на својот довчерашен шеф во репрезентацијата на Хрватска, Славен Билиќ.

Рускиот клуб за услугите на хрватскиот репрезентативец плати 7 милиони евра, што можеби е висока цена за Хрватот кој беше на клупата на Тотенхем поголем дел од мината сезона.
Сè уште не се знае какви се финансиските услови од трансферот, а хрватските медиуми шпекулираат дека неговата плата нема да биде помала од таа која дваесет и шестгодишниот одбранбен фудбалер ја имал во Лондон, а која била повисока од примањата на Модриќ и Крањчар.
Ќорлука кариерата ја почна во Динамо Загреб, од каде беше позајмен во Интер Запрешиќ, а по враќањето во Динамо направи трансфер во Манчестер сити, од каде премина во Тотенхем.
За хрватската репрезентација има 57 настапи и три постигнати голови.

Најнови вести