Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2011

Красножан нов тренер на Анжи

По бројните најави дека богатиот руски клуб Анжи од Махачкала ќе го преземе некое познато тренерско име, сепак на клупата седна Јуриј Красножан.

Уште од септември, кога Гаџи Гаџиев доби отказ, легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос ја има улогата и тренер и играч. Него требаше да го „наследи“ Гус Хидинк, но на крајот таа чест, му припадна на потполно анонимен фудбалски стручњак. Четириесет и осумгодишниот Јуриј Красножан е новиот тренер на Анжи.
Русинот во јуни беше отпуштен од клупата на Локомотив Москва поради неодговорност, како што беше соопштено од клубот. Но вистината е дека, најверојатно, учествувал во местење на натпреварот меѓу Локомотив и неговиот сегашен клуб Анжи, кој на крајот излезе како победник.
Најголемото достигнување на Красножан пред да биде именуван во најбогатиот руски клуб дефинитивно е Локомотив. Пред тоа тој беше главен тренер на Спартак Налчик, а работеше и како селектор на руската Б-репрезентација.

Најнови вести