Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2016

Конте на лето на клупата на Челзи?

Селекторот на репрезентацијата на Италија Антонио Конте е првиот фаворит следната сезона да го преземе Челзи, пренесува „Газета дело спорт“.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович очекува одлуката да биде донесена до средината на март, а на Конте ја добива предноста пред тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и Масимилијано Алегри од Јувентус.
Сегашниот менаџер на „сините“, Гус Хидинк е само привремено решение, додека Конте најави дека ги напушта „аѕурите“ по завршувањето на Европското првенство во Франција бидејќи сака да ѝ се посвети на клупската кариера.
Пред доаѓањето на клупата на Италија во 2014 година, Конте за три години во тимот од Торино освои исто толку титули во Серија А и два Суперкупа на Италија.

Најнови вести