Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2016

Конте ќе биде новиот менаџер на Челзи

Сопственикот на Челзи Роман Абрамович потврди дека Антонио Конте ќе биде менаџер на тимот од следната сезона.

Веќе со седмици се шпекулира за доаѓањето на селекторот на Италија на „Стемфорд бриџ“, а наводно договорил тригодишна соработка.
„Антонио Конте потпиша, Хидинк сигурно си заминува, иако направи одлична работа“, им потврдил Абрамович на неговите фудбалери.
Холанѓанецот во декември го замени Жозе Мурињо и шампионскиот тим кој беше многу близу до зоната за испаѓање го врати во борбата за пласман во Европа во последните десет кола од Премиер лигата.
Конте пред да го преземе Челзи ќе го предводи тимот на Италија на Европското првенство во Франција ова лето.

Најнови вести