17.2.2016 Хидинк: Не смее ниту на секунда да падне вниманието
Менаџерот на Челзи Гус Хидинк изјави дека поразот од ПСЖ со 2-1 во првиот натпревар во осминафиналето од Лигата на шампионите „не е ужасен“.
„Никогаш не е добро чувството по поразот, но се играат два натпревари и можеме нешто да извлечеме од голот кој го постигнавме. Бевме опасни, направивме четири – пет шанси и со поразот од 2-1 сè уште сме во игра“, изјави холандскиот стручњак.
„Имајте на ум дека игравме со многу силна екипа, тие и во второто полувреме можеа да внесат врвни играчи. Можеби можевме да бидеме по конкретни со контра нападите, но не е лесно да се игра со ПСЖ, така што ова не е ужасен пораз“, додаде Хидинк.
Хидинк изјави дека неговиот тим се снајде многу добро земајќи ги во предвид кадровските промени.
„Не само одбраната, туку и редот за врска одлично бранеше. Моравме да направиме комбинација без Тери и Зума, бековите сега не беа на истите позиции“.
Хидинк изјави дека шансите во реванш натпреварот се 50-50 и додаде:
„ПСЖ сака да напаѓа, а ние да се браниме, мораш да бидеш сконцентриран и буден цело време. Вториот гол беше типичен за нив, многу се паметни и мораме да бидеме свесни за тоа, оној момент кога ќе ти падне вниманието, тие ќе те казнат“, заврши Холанѓанецот.
Реванш натпреварот ќе се игра за три седмици на „Стемфорд бриџ“.