Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2016

Хидинк: Коста може да дава голови и во ЛШ

Менаџерот на Челзи Гус Хидинк ги бранеше Диего Коста и Еден Азар пред реванш натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Коста под холандскиот стручњак постигна 10 голови на 14 натпревари, но во две сезони за Челзи во Лигата на шампионите постигна само еден погодок на 14 натпревари.
„Неодамна постигна гол во не баш најлошата лига на светот, Премиер лигата, и тука ги постигнува головите редовно од декември. Пред тоа имаше проблем, исто како и целиот тим, но сега го нема и се надевам дека тоа може да го пренесе и во Лигата на шампионите“, изјави Хидинк.
Коста е познат како нечесен играч, но никогаш нема добиено црвен картон во Челзи, иако ретроспективно  гледано мораше два пати да биде суспендиран по три натпревари.
„Горд сум на начинот на кој тој игра, не оди преку границите, но сака да се бори“, додаде Хидинк.
Оваа сезона многу повеќе се очекуваше од Еден Азар, кој во првиот натпревар во Париз беше и заменет.
„Тогаш се враќаше по повредата, не ни можеше да биде потполно подготвен, но имаше две-три акции во кои делуваше како ’стариот’ Азар. Поминаа неколку седмици и тој сега може и мора да покаже за што е способен“, изјави Холанѓанецот.
Челзи денес во 20:45 часот ќе го пречека ПСЖ на „Стемфорд бриџ“, а во првиот натпревар францускиот тим победи со 2-1.

Најнови вести