Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2016

Хидинк: Нам замена ни се млади играчи, а нив Кавани

Менаџерот на Челзи Гус Хидинк изјави дека била јасна разликата во квалитетот во дуелот со ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Светците“ по триумфот со 2-1 на домашен терен го постигнаа истиот резултат и на „Стемфорд бриџ“ и заслужено поминаа понатаму.
„Влеговме во натпреварот со премногу почитување кон нив и во првите десет минути тие доминираа. Тие се одличен тим, но штом почнавме да играме, имавме неколку шанси“, изјави Хидинк.
„Сè се промени во 67-та минута, имавме добра можност да поведеме, но Диего Коста се повреди. Знаевме дека не е потполно подготвен, но сакаше да игра и постигна преубав гол“, додаде Хидинк.
Холандскиот стручњак истакна дека по тоа кој влегува како замена на теренот се гледа кој тим каков е.
„Се гледаше јасна разлика меѓу тимовите кога моравме да внесеме млади играчи, а тие го внесоа Единсон Кавани. Сепак, ние го имавме ние Кенеди и тој беше одличен“, нагласи Хидинк.
Хидинк на клупата на „сините“ пристигна во декември, по отказот кој му беше врачен на Жозе Мурињо, кога Челзи се наоѓаше во многу лоша ситуација. Многумина го гледаа спасот во Лигата на шампионите, но и тој сон заврши.
„Ова е навистина тешка сезона. Имаше мала паника поради позицијата на табелата кога пристигнав јас, но сигурно е дека многу тешко ќе дојдеме до четвртото место“, изјави Хидинк.

Најнови вести