01.6.2016 Шнедерлен ќе игра за Франција
Еден од последните играчи кој го фати возот за Европското првенство е Морган Шнедерлен, фудбалерот на Манчестер јунајтед.
Фудбалерот кој оваа сезона дојде во Манчестер јунајтед како големо засилување на тимот, сепак ќе игра на Европското првенство во Франција.
Тој доби покана иако не беше меѓу првите 23 играчи на списокот.
Причината е повредата на Ласана Дијара поради која има сериозни проблеми со коленото и не е во состојба да го одигра целото Европско првенство на високо ниво.