Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2015

Рисе кај Малуда и Роберто Карлос во Индија

Јон Арне Рисе, поранешниот дефанзивен играч на Ливерпул, кариерата ќе ја продолжи во индискиот Делхи, пренесе агенцијата АП.

Тој во новиот клуб ќе им се придружи на Французинот Флоран Малуда и Бразилецот Роберто Карлос, кој ја извршува функцијата играч и тренер.
Рисе за Ливерпул играше од 2001 до 2008 година, а со клубот од „Енфилд роуд“ освои седум трофеи, меѓу кои и шампионската титула на Европа во сезоната 2004/05.
Во текот на кариерата настапуваше за: Олесун, Монако, Рома, Фулам и АПОЕЛ од Кипар.
За репрезентацијата на Норвешка настапи 110 пати и постигна 16 голови.

Најнови вести