Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2012

Карлос ја завршува кариерата

Роберто Карлос, поранешниот репрезентативец на Бразил, потврди дека на крајот на годината ќе ја заврши кариерата.

Легендарниот лев бек моментно е член на рускиот Анжи од Махачкала.
„Договорот што ги имам со клубот ми трае до летото 2013 година, но во декември дефинитивно ќе ги закачам копачките на ѕид. Потоа ќе работам како советник на претседателот на клубот Сулејман Керимов. Тој ме замоли да направам нов систем на работа и организација на клубот за наредните десет години“, изјави Бразилецот.
Карлос во април ќе наполни 39 години, а во Анжи пристигна во февруари минатата година. Со репрезентацијата на Бразил беше светски шампион во 2002 година, а со Реал Мадрид дојде до три титули во Лигата на шампионите.
„Моето тело повеќе не може да ги издржи овие напори. Доста ми е од тренирање, патување и хотелски соби. Немам проблеми со повреди, едноставно, мислам дека е време да се стави крај. Сега сакам да се одморам и да минам повеќе време со семејството“, заклучи Карлос.

Најнови вести