Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2014

Роберто Карлос: Сонувам да станам тренер на Реал

Легендарниот бразилски лев бек Роберто Карлос изјави дека еден ден би сакал да стане тренер на Реал од Мадрид, клубот во кого помина 11 години, од 1996 до 2007 година, и со кого освои четири титули во Примера лигата и три во Лигата на шампионите.

„Сонувам во наредните десет години да седнам на клупата на Реал“, изјави Роберто Карлос, моментно тренер на турскиот Сиваспор, за „Марка“.
Тој го прокоментира и вечерашниот прв натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Шалке и Реал во Гелзенкирхен.
„Реал има многу добар тим, посебно се добри во контролата на топката, додека Шалке е опасен од контра. Кога во мое време одевме во освојување на сите три натпреварувања, обично останувавме без ништо. Мора да се оди постепено“, додаде Карлос.
Тој во текот на кариерата, освен за Реал, настапуваше за: Сао Жоао, Палмеирас, Интер, Фенербахче, Коринтијанс и Анжи, каде што и почна да се занимава со тренерска работа.
За репрезентацијата на Бразил одигра 125 натпревари и постигна 11 голови.

Најнови вести