Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2014

Карлос: Сидорф ќе стане добар тренер

Легендарниот бразилски играч Роберто Карлос изјави дека Кларенс Сидорф, неговиот некогашен соиграч од Реал Мадрид, многу брзо во Милан ќе покаже дека поседува голем тренерски квалитет.

„Сидорф ќе стане добар тренер. Тој на теренот секогаш беше лидер, постојано сакаше да ги учи останатите играчи. Кака ми рече дека Кларенс добро ги разбира играчите. Кларенс и јас живеевме четири и пол години во иста куќа“, изјави Карлос за „Газета дело спорт“
Бразилецот ја откри и смешната страна на сегашниот тренер на Милан.
„Се сеќавам дека секогаш остануваше по три часа во бањата, затоа што ставаше некој грозен гел на косата. Тоа беше неподносливо. Сакаше и да им ѕвони на соседите на интерфон, да се шегува дека е доставувач на пица. Во секој од нас живее дете“, додаде Карлос.
Бразилецот моментно ја извршува функцијата тренер на турскиот Сиваспор.

Најнови вести