21.12.2011 Хидинк се договори со Анжи?
Холандскиот тренер Гус Хидинк постигнал устен договор со рускиот клуб Анжи од Махачкала за да го предводи тимот до крајот на оваа сезона, а со можност да го продолжи на уште една дополнителна година.
Амбициозниот руски клуб е во потрага по „вистински“ тренер уште од заминувањето на Гаџи Гаџиев годинава, а се чини дека дојде крајот на оваа потрага. Според пишувањата на холандските медиуми, Гус Хидинк се договорил со Анжи и во наредните неколку дена би требало и официјално да потпише договор до летото 2012 година и да биде претставен пред публиката, а договорот во себе ќе содржи клаузула за можно продолжување на уште 365 дена.
Поранешниот тренер на Валенсија, Реал Мадрид, ПСВ и Челзи на клупата би требало да го замени Роберто Карлос, кој во моментов ја извршува функцијата тренер-играч.