Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2011

Ето веќе не тренира со Интер

Камерунскиот напаѓач на Интер Самуел Ето вчера доби дозвола за пропуштање на тренингот. Неговата авантура со клубот од Милано, се чини, е пред крај.

Камерунскиот напаѓач на Интер Самуел Ето вчера доби дозвола за пропуштање на тренингот. Неговата авантура со клубот од Милано, се чини, е пред крај.
Поранешниот фудбалер на Барселона попладнето се појави во тренинг центарот на Интер, но со дозвола од стручниот персонал не тренираше. Според пишувањата на италијанските медиуми, денес во Рим ќе ги направи лекарските прегледи што му ги организира рускиот Анжи од Махачкала, веројатно, неговиот иден клуб.
Челниците на екипата од руската република Дагестан би требало, исто така денес, да ги завршат преговорите со Интер. Според медиумите од Апенинскиот Полуостров, „нераѕурите“ ќе заработат околу 30 милиони евра оштета, а Ето ќе потпише тригодишен договор со плата од 15 милиони евра по сезона.
Камерунецот во Интер дојде пред две години од Барселона. Пред тоа играше за Реал Мадрид и Мајорка, а кратко време беше на заем во Еспањол.
Во Анжи ќе им се приклучи на ѕвездите како Роберто Карлос и Јуриј Жирков, кој во својот клуб оваа година ги донесе милијардерот Сулејман Керимов.

Најнови вести