24.11.2014 Ројс надвор од теренот до јануари
Марко Ројс, фудбалерот на Борусија од Дортмунд, ќе отсуствува од теренот до јануари следната година поради повреда на надворешните лигаменти на глуждот , соопштија од клубот.
Германецот беше изнесен од игра во 66-тата минута од натпреварот со Падерборн, по бруталниот старт на Бакалорц.
Ројс оваа сезона има многу проблеми со повреди, мораше да го пропушти Светското првенство во Бразил, а набрзо по закрепнувањето на почетокот на ноември се здоби со нова повреда, поради која не играше на репрезентативните натпревари.
Екипата на Јирген Клоп повторно има маки - уште еднаш останува без својот најдобар играч.