Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2014

Колумбиецот Рамос стигна во Борусија Дортмунд

Колумбиецот Адријан Рамос е нов член на Борусија Дортмунд, пишува во соопштението на официјалната интернет-страница на клубот.

Досегашниот играч на Херта има 28 години и игра на позицијата напаѓач.
Ќе има шанса да дебитира уште во недела, кога неговата екипа игра пријателски натпревар со Есен.
Тој оваа година играше на Светското првенство во Бразил, но не се запиша во списокот на стрелците.
Во Херта помина пет сезони, за тоа време одигра 150 натпревари и постигна 57 голови. За репрезентацијата на Колумбија настапи 28 пати и постигна пет погодоци.
Рамос е трето засилување на екипата на Јирген Клоп оваа сезона, по Чиро Имобиле и Ји Донг-Вон.


Најнови вести