19.7.2011 Шеј Гивен од Манчестер сити во Астон вила
Петгодишен договор со искусниот ирски голман на Манчестер сити, 35-годишниот Шеј Гивен, вчера потпиша премиерлигашот од Бирмингам, Астон вила.
Ирскиот
репрезентативец вчера успешно го помина лекарскиот преглед, а со тоа стана
првото засилување на клубот од доаѓањето на тренерот Алекс Меклиш.
Гивен ќе го
замени 40-годишниот Бред Фридел, кој отиде во Тотенхем.
Пред две години
Гивен, како големо засилување, дојде во Манчестер сити од Њукасл, за кого собра
дури 462 официјални настапи. Меѓутоа, младиот и подобар Џо Харт го турна во втор
план.