Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2013

Жервињо од Арсенал во Рома

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо, официјално стана нов фудбалер на Рома, потврди неговиот сега поранешен клуб Арсенал преку својата интерне-страница.

Деталите околу договорот кој Жервињо го потпишал со Рома не се познати, а се верува дека римскиот клуб на Арсенал му платил 8 милиони фунти отштета, плус бонуси зависно од перформансите на играчот.
Жервињо во Арсенал пристигна во 2011 година од Лил, а во двете сезони во редовите на „топчиите“ постигна  11 голови, 4 во првата и 7 во втората сезона.
Жервињо во Рома ќе му се приклучи на поранешниот тренер од Лил, Руди Гарсија, со кого ги имаше најуспешните мигови во кариерата.

Најнови вести