Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2013

Борусија Дортмунд го продолжи договорот со Гроскројц до 2016 година

Кевин Гроскројц, 24-годишниот крилен играч на Борусија од Дортмунд, го продолжи договорот со клубот за дополнителни две години, до јуни 2016 година.

Офанзивниот играч, кој имаше и три настапи во дресот на германската репрезентација, е роден во Дортмунд и од мали нозе е навивач на Борусија. Во клубот помина една сезона како кадет, додека во сениорската кариера на „жолто-црните“ им се приклучи во 2009 година и со нив освои две последователни шампионски титули во 2011 и 2012 година, како и Германскиот куп мината сезона.
Борусија во последно време го продолжи договорот со неколку важни и клучни играчи, како што се Матс Хумелс и Марио Гетце.
Управата на клубот од Дортмунд не осигури потпис на нов договор со најдобриот напаѓач и полски репрезентативец Роберт Левандовски, кој е поврзуван со трансфер во неколку врвни европски клубови. Актуелниот договор му истекува летото 2014 година.

Најнови вести