Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2012

НБА титулата за Мајами Хит и Леброн Џејмс

Кошаркарите на Мајами Хит по втор пат во историјата на клубот ја освоија титулата во НБА шампионатот триумфирајќи со 4-1 во финалната серија против Оклахома Тандер.

Во петтиот меч од финалето Мајами пред својата публика славеше со резултат 121:106.
Брилијантна партија одигра Леброн Џејмс кој забележа трипл-дабл – 26 коша, 13 асистенции и 11 скокови, а дури 4 играчи на „жешките“ од Мајами постигнаа преку 20 кошеви.
Џејмс во својата деветта НБА сезона стигна до првиот шампионски прстен во кариерата и конечно влезе во друштвото на НБА великаните.
Во последниот меч пред својата публика кошаркарите на Мајами беа свесни дека мораат да дадат сè од себе да за ја завршат серијата затоа што евентуалните последни два меча би се играле во Оклахома, каде домаќините имаа изгубено само еден натпревар во плеј-офот, и тоа токму натрпеварот број два од финалето кое на крај се покажа пресуден.
Од самиот почеток Мајами беше подобар, направи солидна предност уште во првата четвртина, а од стартот на втората четвртина, освен еден краток период пред полувремето, разликатаа беше двоцифрена.
Вечерта и целиот плеј-оф му припадна на „кралот“ Џејмс, кој во финалето имаше просек од 28,6 коша, со 49% шут од игра, 10,2 скока и 7,4 асистенции по натпревар.
„Беше крајно време. Ова е за мене исполнување на сонот. Морав да донесам тешка одлука и да го напуштам Кливленд затоа што знаев дека овој тим на Мајами има иднина. Денеска сè ми се врати“, изјави Џејмс на крајот на натпреварот.
Во поразениот тим Кевин Дурент постигна 32 коша, Џејмс Харден и Расел Вестбрук по 19.
„Боли, навистина боли. Но имам среќа да сум во овој тим, сите сме како браќа. Сигурен сум дека следната сезона ќе се вратиме посилни“, изјави Дурент, па додаде: „Леброн и јас имаме заедничка задача летово, да го освоиме олимпиското злато“.
Со ова се спушта завесата на НБА сезоната која од самиот старт беше необична затоа што доцнеше поради локаутот. Двете екипи од кои се очекуваше да дојдат до финалето ги исполнија очекувања, а Мајами хит конечно ги демантираше сите кои се сомневаа во неговиот проект на скапи ѕвезди кој почна во 2003 година.

Најнови вести