24.2.2012 ПСВ го купи Јоргенсен од Копенхаген
Од редовите на холандскиот гигант ПСВ стигна официјална потврда дека својот тим го засилиле со дваесет и едногодишниот дефанзивен играч Матијас Јоргенсен.
Сепак, во редовите на тимот од Ајндховен тој ќе
дојде налето, кога ќе му истече актуелниот договор и од Копенхаген ќе замине
без оштета, а со моментално водечкиот клуб во Холандија потпиша до 2016 година.
Медиумите говореа дека овој трансфер требаше да се
изврши уште во претходниот летен трансфер-период, но тогаш пречка беше оштетата
што ја бараше данскиот клуб за овој фудбалер. Интерес за Јоргенсен покажаа и
неколку клубови од Бундеслигата, како Баер Леверкузен и Хофенхајм, но играчот
кој поголемиот дел од сезоната го мина на листата на повредени фудбалери се
реши за ПСВ.
Во дресот на репрезентацијата на Данска досега тој
собра пет настапи.