Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2011

Џејмс и Вејд ги понижија НБА шампионите

Мајами му го возврати ударот на Далас! Во репризата на минатото финале на плејофот на НБА, Леброн Џејмс и Двејн Вејд и друштвото од Флорида лесно ги совладаа шампионите од Далас, и тоа сред Тексас, но и пропуштија да ги декласираат.

Гостите на крајот од третиот дел имаа разлика од неверојатни 32 поени, а Далас во последната четвртина, сепак, ја сочува честа со прифатлив пораз 105:94 (32:17, 35:24, 8:29).
За првата победа на Мајами во сезоната, остварена во висок стил, најзаслужни беа Џејмс и Вејд, кој заедно постигнаа 63 поени. Кралот го заврши мечот со фантастични бројки крај своето име: 37 поени, 10 скокови, шест асистенции, додека Флеш додаде 26 поени, осум скокови и шест асистенции.
Инаку, мечот почна со доделување на пехарите на играчите на Далас, коишто ги освоија пред неколку месеци на Флорида. Меѓутоа, „жешките“ од Мајами брзо ги вратија во реалноста. Колку беше гостинскиот тандем Џејмс-Вејд супериорен на паркетот на „Америка ерлајнс центарот“, сведочи податокот дека трет стрелец на Мајами беше Удонис Хаслем дури со девет поени, но и 14 скокови. Крис Бош постигна само четири.

Најнови вести